Републиканците изнервирани од Штајнмајер
13 март 2015Настап со последици. Германскиот министер за надворешни работи во Вашингтон прво уште еднаш отфрли испорака на оружје за Украина. Тоа би довело до вооружување и на проруската страна.
А потоа уште контроверзна тема - преговорите со Иран за атомската програма. Изненадувачки јасно Штајнмајер го критикува писмото кое претходно во Сенатот го објавија републиканците. Во него тие на Иран му се закануваат дека е можно договорот да атомската програма да биде брзо откажан. Штајнмајер вели дека ваквата закана само штети:
„Тоа не е само внатрешнополитичка американска тема, туку ги допира и преговорите кои ги водиме во Женева. Сега кај другата, иранската страна, расте недовербата околу тоа дали нашата страна е навистина сериозна во преговорите.“
Со тоа Штајнмајер го навлече гневот на републиканците врз себе. Моќниот сенатор Меккејн му префрли дека не прави ништо во конфликтот во Украина. Зборовите на Штајнмајер за Иран, пак, како што рече исто така моќниот сенатор Греам, се „најсмешното нешто што воопшто го слушнал“.