Аутсајдери во Сочи - Јамајка на ЗОИ
5 февруари 2014Во Јамајка во моментов температурите се речиси 30 степени целзиусови.
Но, овие Јамајчани не го чувствуваат тоа. Тие се возачи на боб и се подготвуваат во Вајоминг во САД за Зимските олимписки игри - и тоа на температури до минус 15 степени.
„Секој ден најрадо би сакал да престанам. Толку е студено, прстите ми смрзнуваат“, вели Марвин Диксон боб- возачот од Јамајка.
Само со специјална дозвола на олимпискиот Комитет смеат капитенот Винстон Ват и неговиот боб-тим да се натпреваруваат во Сочи. Ват учествуваше уште во Сојт Лејк Сити и оттогаш Јамајка веќе не можеше да се квалификува. Ват во принцип веќе беше во пензија. „Сега имам 46 години, но погледнете, изгледам како да имам 26. Возраста не значи ништо“, смета Ват.
Парите за патните трошоци се собраа преку интернет. Во рок од два дена фановите на интернет донираа преку 120.000 долари.
На Јамајчаните не им се припишуваат шанси за освојување на медали во натпреварувачкиот канал, но олимпиското мото „Важно е да се учествува“ го исполнуваат како речиси ниеден друг тим.
„Сето ова го правам од сѐ срце. Сакам да патувам на игрите како аутсајдер“, вели Винстон Ват, боб возачот од Јамајка и со неговиот тим порачуваат:
„Jamaica Bobsleigh Team! Sochi 2014! Here we come!“