1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Балканските држави ќе го укинат роамингот

БГ/бета28 август 2014

Договор на регулаторните агенции со кој од 2015-та ќе биде укинат роамингот за корисниците на мобилна телефонија од Црна Гора, Србија, Македонија, Албанија и Турција треба да биде потпишан во септември

https://p.dw.com/p/1D32W
Фотографија: picture-alliance/dpa

Подгоричкиот весник „Вијести“ пишува дека е постигнат договор за укинување на дополнителните трошоци за роаминг во повеќе балкански држави, и тој треба да биде потпишан кон крајот на септември во Будва.

„Бесплатниот роаминг ќе биде овозможен од почетокот на следната година, бидејќи е неопходно државите од регионот да ги потпишат првичните договори, да го прилагодат своето законодавство, и да се прилагодат и локалните оператори“, изјави директорот на Агенцијата за електронски комуникации на Црна Гора, Зоран Секулиќ.

Од оваа Агенција објаснуваат дека целта е да се укинат сите трошоци за роаминг- за повици, СМС пораки и пренос на податоци. Во Агенцијата очекуваат „можно негодување“ на мобилните оператори поради намалените приходи со усвојувањето на оваа одлука.

И српскиот министер за трговија и телекомуникации Расим Љајиќ претходно најави дека договорот за воведување на регионална зона на бесплатен роаминг ќе биде потпишан следниот месец. Тој потврди дека е постигната согласност на владите и телекомуникациските тела на Црна Гора, Србија, Македонија, Албанија и Турција и дека е во план наскоро да им се придружат и Босна и Косово.