1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан Ки Мун: За еден месец 500 жртви во Алепо

Ж.А. /агенции
21 октомври 2016

Нападите на сириската и руската воена авијација врз Алепо, почнати на 22 септември, се најтешки во 5-годишната војна, истакна Бан Кин Мун, генералниот секретар на ОН.

https://p.dw.com/p/2RVwW
Syrien Weißhelme in Aleppo
Фотографија: Reuters/S. Kitaz

Резултатот од офанзивата врз сирискиот град Алепо е „шокирачки“, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на вонредното заседание на Генералното собрание во Њујорк. Убиени се речиси 500 луѓе, а преку 2000 се ранети, над една четвртина од жртвите се деца. Од почетокот на јули во градот нема пристап за ниеден конвој на ОН, залихите со храна завршуваат кон крајот на месецов, гладот се користи во функција на оружје, истакна Бан.

Генералниот секретар на ОН предупреди на катастрофите како Сребреница или Руанда. „Кога меѓународната заедница ќе се обедини за да ги запре овие кланици?“ Бан инсистира на „целосен хуманитарен пристап“ во источниот дел од сирискиот град Алепо.

Хуманитарен коридор

ОН денеска ќе се обидат прво да ги извлечат ранетите и болните од опколениот бунтовнички град и регионот околу Алепо. Сите конфликтни противници конечно ги ветија неопходните безбедносни гаранции за влез на хуманитарната помош, соопшти координаторот на итната помош за Сирија, Јан Егеланд во Женева. 

Во Алепо од вчера утрото во сила на прекин на огнот, Русија, според наводи од ОН, се обврзала на придржување на молк на оружјето до сабота. И сириската армија најавила прекин на нападите од единаесет часа дневно.

Лавров: Бунтовниците ја спречуваат евакуацијата

Без оглед на примирјето, само мал број луѓе се решаваат на бегство од бунтовничкиит кварт во градот. Вчера утрото имаше истрели и артилериски оган на еден од т.н. хуманитарни коридори. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини бунтовниците за спречување на цивилите во бегството од градот. Бунтовниците го прекршиле прекинот на огнот и спречуваат евакуација на населението, истакнал Лавров во телефонски разговор со неговиот американски колега Џон Кери.

Алепо- град на духови