1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

280210 Bundesliga

1 март 2010

За Бајерн дојде крајот на долгото чекање: на тимот од Минхен конечно му појде од рака да се врати на чело на табелата по цели 57 кола.

https://p.dw.com/p/MErA
Франк Рибери го искачи Бајерн на врвотФотографија: AP

Враќањето на тронот му го овозможи победата од 1 спрема 0 против екипата на Хамбург. Решавачкиот гол го постигна Франк Рибери во 78-та минута. „Мислам дека оваа победа е многу важна како за публиката, така и за раководството на тимот и секако за мојот имиџ. Сите чекаа многу долго на овој момент“, изјави по средбата тренерот на Бајерн, Луис ван Гал.

Искачувањето на Бајерн го овозможи ремито на досегашниот лидер на табелата Бајер Леверкузен против тимот на Келн. Играчите од Леверкузен со тоа останаа непобедени дури 24 натпревари по ред, но со нерешените 0 спрема 0 сепак загубија два важни поени. Тренерот Јуп Хајнкес беше малку разочаран: „Голема штета е што не извлековме повеќе од овој натпревар, бидејќи во второто полувреме игравме речиси сето време пред противничкиот гол. Но, тоа е така, има такви натпревари и не можам да ги критикувам моите фудбалери...“

Fußball Bundesliga Leverkusen Bremen Jupp Heynckes
Тренерот Јуп ХајнкесФотографија: AP

Гужва за меѓународните натпревари

Зад Бајерн Минхен и Бајер Леверкузен на првите две места, се згуснува битката за местата што обезбедуваат пласман во меѓународните натпревари. На третопласираниот Шалке 04 му беше доволна победата над петопласираната Борусија Дортмунд од 2 спрема 1 за да го задржи високото трето место на табелата, а на Борусија сега зад петици и е тимот од Бремен кој заостанува само еден бод. Вердер имено го совлада Мајнц со истиот резултат, 2 спрема 1. Тренерот Томас Шааф порача: „Овде не беше лесно да се победи. Секако дека сме многу среќни поради резултатот, но противникот беше добар и моравме да ги вложиме сите сили за да победиме.“

И Франкфурт на седмото и Штутгарт на осмото место уште можат да се надеваат на учество во меѓународните купови. Во дуелот со Ајнтрахт, Штутгарт на домашен терен успеа да извојува победа од 2 спрема 1. Главна ѕвезда на натпреварот беше Какау, кој ги постигна двата гола. Тренерот Кристијан Грос беше задоволен: „Многу и’ се радувам на оваа победа, особено затоа што е прва во оваа сезона. Ми недостасува третиот гол на почетокот на второто полувреме, но се’ на се’ сакам да и’ честитам на екипата на одличната игра.“

Херта останува фенерџија

Friedhelm Funkel
Тренерот на фенерџијата, Херта Берлин, Фридхелм ФункелФотографија: picture-alliance/ dpa

За Херта и понатаму расте опасноста од испаѓање од Бундеслигата. Тимот од Берлин загуби на домашен терен од Хофенхајм со 0 спрема 2, што е веќе 15. пораз по ред во сезоната. Кај тренерот Фридхелм Функел можеше лесно да се забележи фрустрацијата: „Мислам дека доколку ги искористевме гол-шансите, тогаш натпреварот ќе се развиеше поинаку. Но, за жал не го сторивме тоа и затоа сега сме казнети.“

Херта останува фенерџија со само 15 бода и по 24. коло. Екипата на Фрајбург се избори само за нерешени 1 спрема 1 во средбата со Борусија Менхенгладбах и со тоа чека на победа веќе десет кола. Нирнберг исто освои еден бод преку нерешените 0 спрема 0 против Бохум и со тоа се најде на 16 место пред Хановер. Играчите од Хановер пак загубија од Волфсбург со 0 спрема 1.

Автор: Арнулф Бечер/Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска