Без победник на претседателските избори во Словенија
22 октомври 2007Реклама
Претседателските избори во Словенија ќе бидат решени дури во вториот круг, по три недели.Во првата изборна рунда вчера ниеден од седумте кандидати не го доби потребното двотретинско мнозинство.Најголем број од гласовите, 28 проценти, освои поранешниот премиер и сегашен европратеник Лојзе Петерле.Неизвесно е дали во вториот круг тој ќе се натпреварува против поранешниот словенечки амбасадор Данило Турк или против шефот на централната банка Митја Гаспари.