Пандемијата го зголеми бездомништвото на територија на град Скопје за 50%. Студот им го отежна животот на 150-те лица кои својата поддршка ја наоѓаат во пунктот за бездомници во Момин поток и на ниски температури. Придржувајќи се до мерките за заштита и постојаната препорака на тимот којшто работи таму, бездомниците засега се безбедни од ширење на заразата.