Бериша: Обединување на Албанија со Косово само во ЕУ
17 декември 2011Реклама
„Проектот за обединување на Албанците е проект за интеграција во ЕУ и гарантирам дека кога Албанците во Албанија и на Косово ќе ги достигнат стандардите на членките на ЕУ, ќе им биде подобро од кога било во нивната историја. Тоа е проект и ние треба да ја гледаме својата иднина во ЕУ“, рече Бериша, одговарајќи синоќа на прашање на група студенти од Косово кои ја посетија Тирана.
Осврнувајќи се на ситуацијата на северот на Косово, во Митровица, Бериша рече дека „најдобар национален интерес на Албанците е зачувување на постоечките граници“.
Тој додаде дека Тирана внимателно го следи развојот на ситуацијата во албанската заедница во Прешево.
Автор: ЖА/ АТ /миа
Редактор: Александра Трајковска