1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бесплатни ПЦР тестови за странските туристи во С. Македонија

20 април 2021

Владата одлучи државата да им ги подмири трошоците за ПЦР-тестови на странските туристи, кои до крајот на годинава ќе одлучат да ја посетат земјата.

https://p.dw.com/p/3sHtq
Mazedonien Stadt Ohrid am Ohridsee
Фотографија: DW/M. Jovanovski

Владата сака да го поттикне туризмот во претстојната летна сезона со бесплатни ПЦР тестови за странските туристи. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска соопшти дека мерката предвидува опфат на околу 50 илјади туристи.
„Тоа ќе се направи во соработка со Институт за јавно здравје, Фондот за здравство и Министерство за здравство, затоа што сметаме дека само кредибилни и јавни институции можат да спроведат ПЦР-тестирање на ваков начин и во толку голем обем, како што имаме предвидено“, рече вицепремиерот.

Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши денеска го претставија шестиот пакет мерки за стопанството, вреден 17,8 милиони евра, со кој е предвидена помош за 10 илјади компании и околу 60 илјади вработени. Повеќе од половината од предвидените средства во новиот пакет се наменети за помош на туристичко угостителскиот сектор. Угостителите ќе можат да добијат директна помош од 30 отсто од просечно прикажаните приходи за 2019 година, а дополнително и еднократна помош во износ од 15.200 денари за секој вработен.

#dw_BalkanBooster: Ќе биде ли спасена летната сезона во Охрид?

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема