1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Се разведуваат Бил и Мелинда Гејтс

4 мај 2021

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда се разведуваат по 27 години брак.

https://p.dw.com/p/3svHv
Frankreich Paris Melinda und Bill Gates
Фотографија: Kamil Zihnioglu/REUTERS

Тоа е развод на супер богати луѓе, но и разделба на една двојка која заедно раководи со една од најголемите фондации во светот.

Мултимилијардерот и неговата сопруга објавија дека се разведуваат со идентичен текст на Твитер. Според објавата, планираат да тргнат по одвоени патишта, но имаат намера заедно да продолжат со работењето во влијателната Гејтс-фондација. 

„Во изминатите 27 години израснавме три неверојатни деца и создадовме фондација која ширум светот се залага за да им овозможи на луѓето здрав и продуктивен живот“, објаснуваат Бил и Мелинда, наведувајќи дека таа мисија ќе ја продолжат, „но веќе не веруваме дека како двојка можеме заедно да раснеме во наредната животна фаза“.

Бил Гејтс, кој во 1975 година со Пол Ален го основаше подоцнежниот ИТ-гигант Мајкрософт, е еден од најбогатите луѓе во светот. Според магазинот „Форбс“, богатството на 65-годишникот изнесува над 120 милијарди американски долари, со што е на четвртото место на глобалната листа на супер богати луѓе во светот. Бил и Мелинда Гејст во објавата за разводот не наведуваат како ќе се дели богатството во семејството.