1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БиХ: Хрватскиот пасош како животна шанса

Александра Славниќ22 јуни 2015

Од 1 јули сите кои имаат хрватски пасош можат без ограничување да се вработат во повеќето од земјите во ЕУ. Тој момент со нетрпение го очекуваат државјаните на БиХ кои имаат хрватски пасоши. Претстои ли нов егзодус?

https://p.dw.com/p/1Fkec
Фотографија: public domain

Мирела има купено авионски билет за Келн. Патува за неколку дена. Таа 1 јули 2015. ќе го дочека во Германија - тоа е датумот од кога непречено може да бара работа во ЕУ благодарение на своето хрватско државјанство. Таа поволност со еднакво внимание се очекува и во Хрватска и во Босна и Херцеговина, каде невработеноста зема се‘ поголем данок. Се проценува дека околу половина милион граѓани на БиХ има хрватски пасош, меѓу нив и Мирела Шурлан. Таа има 32 години и верува дека е ова животна можност за нејзе:

„До минатата година не размислував за заминување, мислев дека овде ќе биде подобро и дека ќе можам да живеам од својата работа. Сега гледам дека не е така.“

Bosnien Herzegopwina Mirela Surlan
Мирела ШурланФотографија: DW/A. Slavnic

Мирела во текот на војната побегнала во Бања Лука и тука живее веќе 20 години. Нејзините родители се вратиле во родниот Липик, а таа сака што побрзо да замине во Германија. Преку Каритас завршила обука за негувателка и персонален асистент и со таа диплома планира да се вработи. Но, прво мора да го научи германскиот јазик. „Овде завршив почетен степен, а во Келн продолжувам. Таму имам познаници кај кои ќе живеам во текот на јули, додека трае интензивниот курс, по што се надевам дека се‘ ќе биде полесно.“

Негувателка не е професија во која Мирела би сакала да остане долгорочно, но на тоа гледа како на пробив на германскиот пазар на рбаота. Таа има искуство во продажба, финансии и администрација.

„Оваа прилика нема да ја пропуштам“

Голем дел од граѓаните на БиХ се на мислење дека статусот кој на 1 јули ќе го добијат оние што поседуваат хрватски пасош е голема привилегија. За многумина тоа значи работа и плата за кои во БиХ можеле само да сонуваат. Така размислува и апсолвентот на Филолошкиот факултат во Бања Лука, Велемир Душаниќ. „Пасошот, за жал, е излезен билет од оваа земја, но во еден правец. Се разбира дека ќе го искористам она што ми се нуди. Имам можност да заминам и да барам легално работа и благодарен сум на тоа. Штом ќе дипломирам јас и мојата девојка заминуваме. Прв избор ни е Германија, втор Ирска.“

Bosnien und Herzegowina Student Velemir Dusanovic
Велемир ДушаниќФотографија: DW/A. Slavnic

Мостарскиот новинар Емил Караматиќ, кој и самиот поседува хрватски пасош, вели: „Политчарите ги доведоа овие луѓе во ситуација да се среќни што имаат пасош на друга држава за да побегнат од својата.“

Тој подвлекува дека според некои податоци околу 17.000 луѓе од западна Херцеговина во последно време ја напуштиле БиХ. Станува збор за млади луѓе, до 35-годишна возраст, кои во својата земја не добиле никаква работа. Првпат им е овозможено да работат, и тоа за добра плата“, нагласува Караматиќ, додавајќи:

Bosnien Herzegopwina Emil Karamatic
Емил КараматиќФотографија: DW/A. Slavnic

„Ако е тоа борба за хрватскиот национален интерес за којшто политичарите постојано зборуваат, тогаш немам зборови. Хрватите ќе дојдат во ситуација да се пребројуваат за конститутивност, а тоа, се разбира, е голема катастрофа.“

„Одливот на луѓе е алармантен“

Најголем проблем во БиХ е константниот егзодус на населението, оценува Мартин Радуж, претседател на ХДЗ 1990 и делегат во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ. Како еден од трите конститутивни народи Хрватите се исправени пред голем предизвик за тоа како ќе ја зачуваат демографската виталност, објаснува тој.

„Таа ситуација е алармантна и без одлуката со која од 1 јули хрватските државјани може да бараат работа во ЕУ. Институциите и клулните политички актеру не се во состојба да ги согледаат сите проблеми кои одливот ќе ги предизвика врз вкупните односи во БиХ“, вели Рагуж.

Тој е уверен дека Европа може да и‘ помогне на БиХ само ако ги охрабри оние политички опции кои градат одговорна, европска политика.

Мирела Шурлан додава дека во Бања Лука е се‘ потешко да се најде место за да се учи германски јазик. Побарувачката, како што тврди, е огромна, а сите тука се со една иста цел.