1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борбите во источна Украина носат безработица

Ина Курпианова / А.Трајковска 15 октомври 2014

Mногу јагленокопи во областите контролирани од сепаратистите во источна Украина не работат. Инфраструктурата се уништува, пазарите за пласман се губат, плати нема. Набљудувачите стравуваат од револт на рударите.

https://p.dw.com/p/1DVqR
Фотографија: dapd

Борбите меѓу проруските сепаратисти и украинската армија во Донбас имаат тешки последици по стопанството во регионот и целата земја. Пред сѐ постои закана, веќе одамна руинираната индустрија за јаглен во источна Украина целосно да пропадне.

Околу две трeтини од рудниците во областите Доњецк и Луганск се во државна сопственост. 90-те рудници директно се под надлежност на украинското Министерство за енергија добиена од јаглен. Повеќе од половината се наоѓаат на територија која ја контролираат сепаратистите. По избувнувањето на борбите, според заменик министерот Јуриј Сјуков, од 70.000 тони дневно сега се ископуваат само 20.000. Освен тоа, јагленот речиси и не може да се транспортира во некој друг регион на Украина. Шините на железницата се уништени, или не се веќе под украинска контрола. Сепаратстите, според Сјуков, јагленот сѐ повеќе ќе го транспортираат во Русија.

Рудари без плата

Украинската влада во Киев во меѓувреме ги стопираше сите субвенции за рудниците во регионите на сепаратистите. Преку дванаесет милијарди гривни (околу 750 милиони евра) беа планирани во годинешниот буџет за рудниците со јаглен во Донбас. Со парите требаше да се финансираат и платите на речиси 100.000 луѓе, кои се вработени во државните рудници. „Повеќето рудари уште од јуни годинава не добиваат плата“, рече во разговор за ДВ заменик претседателот на укранискиот независен синдикат на рударите, Анатолиј Акимочкин. Многумина во меѓувреме се невработени, бидејќи нивните рудници се уништени во борбите. Обнова за многу рудници нема никаква смисла, вели Акимочкин, бидејќи тие одамна се нерентабилни.

Ukraine Anatolij Akimotschkin Gewerkschaft der Bergarbeiter
Анатолиј АкимочкинФотографија: DW/A.Savizki

Дали Киев во иднина повторно ќе ги субвенционира рудниците ќе зависи од тоа, дали украинското раководство ќе ја поврати контролата во областите на сепаратистите. Тоа не е јасно, смета синдикалецот. Истовремено тој нагласи: „Украина ја бара територијата. Ниту еден политичар досега не се изјасни, дека тоа повеќе не е украинска територија“.

Мрачни изгледи

Се‘ укажува на тоа дека областите кои ги држат проруските сепаратисти со нивните самоименувани „Народни Републики Доњецк и Луганск“ во иднина нема веќе да бидат дел од Украина, смета Дмитро Снјегирјов, раководител на граѓанската иницијатива „Праведна работа“. „Но тоа не е причина за паника. Украина не губи ништо, освен индустриските објекти, кои поради високите субвенции го влечеа целото стопанство во амбис“, рече тој за ДВ.

Karte Ukraine Donbas

Снјегирјов гледа песимистично на изгледите за иднината на овие области. И на Русија не и‘ е потребна индустријата која носи загуби. Москва одамна ги затвори своите нерентабилни рудници. Освен тоа, јагленот што се ископува во Русија е поевтин откоку во источна Украина. Згора на тоа, инвесититорите немаат интерес за нестабилни региони. Тој стравува дека запирањето на субвенциите од Киев тешко ќе ги погоди рударите во конфликтниот регион. „Ќе дојде до социјални експлозии. Уште сега има бунтови во рударските населби во областа Луганск. Се бараат плати и пензии“.

Распадот на индустријата со јаглен

Володимир Омелченко од украинскиот истражувачки центар „Расумков“ смета дека областите што не ги контролира, Киев долготрајно нема ниту финансиски да ги поддржува. Тоа, од една страна, го растоварува државниот буџет, но се отвораат нови проблеми. „Состојбата носи повеќе ризици од предности“, вели тој во разговор со ДВ. Имено неопходниот јаглен за енергетска стабилност на Украина ќе недостасува. Земјата уште повеќе ќе зависи од увозот на енергија од странство.

Според експертите, пред почетокот на борбите јагленот имаше удел од 34 проценти од вкупното енергетско снабдување на земјата. 80 проценти од јагленот се црпеше во Донбас. Меѓутоа, денес 60 проценти од наоѓалиштата се на територија која веќе не ја контролира Киев. „Сѐ додека таа е во рацете на сепаратистите, не може да стане збор за самостојна украинска индустрија на јаглен“, вели Омелченко.