1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борис Бекер е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

АТ/ сид/ миа/ макфакс18 декември 2013

Борис Бекер активно се враќа на тениските терени. Од средината на наредниот месец тој повторно ќе биде тренер, овојпат на победникот на шест Грен Слем турнири и втор рекет во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ.

https://p.dw.com/p/1Abvm
Фотографија: Getty Images

Трократниот победник на Вимблдон Борис Бекер ќе биде нов тренер на вториот рекет на светската АТП листа, Новак Ѓоковиќ.

„Многу се радувам за можноста да работам со Борис. Тој е вистинска легенда, човек со многу знаење за тенисот. Со неговото искуство тој ќе ми помогне, да освојам нови трофеи на Грен Слем турнирите и други натпревари“, истакнува Ѓоковиќ.

Информацијата Ѓоковиќ ја објави денеска (18.12.) на својата интернет страница. 26-годишниот Србин наведува дека соработката почнува на средината на јануари на турнирот „Аустралија опен“. Ѓоковиќ таму ќе настапи во одбрана на титулата. Планирано е Бекер да го придружува Ѓоковиќ на сите голем турнири во годината: Во Дубаи, Мајами, Монте Карло, Рим, Париз (Ролан Гарос), Лондон (Вимблдон), Синсинати, Њујорк (УС Опен), Шангај, Париз (Мастер) и Лондон (Мастер).

„Горд сум што Новак ме покани да бидам негов тренер. Ќе го дадам најдоброто, за тој да ги постигне своите цели. Сигурен сум, заедно можеме да постигнеме големи резултати“, истакнал Бекер. Бекер меѓу 1997 и 1999 беше на чело на стручниот штаб на германскиот Дејвис куп тим.

Finale der Tennis-WM in London (Novak Djokovic)
Вториот рекет на АТП листата доби нов тренерФотографија: Getty Images

Германската тениска легенда сега ќе го предводи тренерскиот тим на Ѓоковиќ. Во стручниот штаб на српскиот тенисер останува и досегашниот главен тренер Марјан Вајда. Тој во улога на втор тренер ќе го предводи Ѓоковиќ на турнирите во Индијан Велс, Мадрид, Торонто и Пекинг.

„За неколку недели ќе започне осмата година од соработката со Ѓоковиќ, тоа е период во кој ги остваривме зацртаните планови. Мене лично и на стручниот штаб му е потребен уште еден тренер, за Новак да може да напредува од одредени сегменти во играта и да има повеќе време за своето семејство. Ова нема премногу да влијае врз мојата позиција во тимот на Ѓоковиќ, а од друга страна изборот на Бекер за главен тренер е добро решение“, рекол Вајда.

Поранешниот победник на Вимблдон Михаел Штих е изненаден од веста. „Оха, супер, супер! Тоа е интересна констелација. Јас не знаев за тоа“, рече Штих во првата реакција за агенцијата СИД. „Неможам да си замислам дека тој во иднина 30 недели во годината ќе патува. Но, Новак веројатно размислувал за тоа“.