1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Маричиќ нов министер за правда, Стефоска за култура

БГ
19 август 2020

Вечерва во Тетово и Скопје заседаваат највисоките партиски тела на ДУИ и СДСМ на седници на кои треба да се потврди коалицискиот договор. Додека заседаваат органите, излегуваат имињата на новите министри.

https://p.dw.com/p/3hCwd
Nord-Mazedonien | Gebäude der Regierung in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Досегашниот советник на премиерот Зоран Заев и еден од неговите најблиски соработници Бојан Маричиќ ќе биде министер за правда во новата коалициска влада на СДСМ и ДУИ, дознава ДВ од партиски извори. Маричиќ на функцијата ќе ја замени неговата партиска колешка Рената Десковска. Министерска функција во новата влада ќе добие и поранешната пратеничка на СДСМ, историчарката Ирена Стефоска. Таа ќе го предводи ресорот култура кој СДСМ го презема од ДУИ.
Во јавноста веќе се појавија имињата на повеќе министри кои, во најголем дел, ќе го продолжат министерувањето во владата, а некои ќе ротираат во нови ресори.
Она што е сосема извесно е дека актуелниот технички премиер Оливер Спасовски ќе се врати во МВР, а шефот на дипломатијата Никола Димитров веројатно ќе ротира во секторот евроинтеграции, затоа што неговиот ресор ќе го преземе Бујар Османи од ДУИ.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и за здравство Венко Филипче остануваат на функциите и во новиот кабинет на Заев.
Со новата функција „прв заменик-претседател на владата“ која ќе го обедини во себе и Министерството за политичи систем, ќе раководи Артан Груби од ДУИ.
Засега нема информации кој ќе го преземе вицепремиерското место за економски прашања. 
Маричиќ беше активно вклучен во преговорите околу законот за јавното обвинителство, а со неговото влегување во ресорот правда Заев сака да ги зајакне реформите во правосудството, велат партиски извори. Именувањето на Стефоска, која доаѓа од граѓанскиот сектор, е силна порака кон културната фела, велат оттаму. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема