1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразилците самоуверено очекуваат реванш

СН/дв20 август 2016

Во Бразил сите се сеќаваат на полуфиналето на Светското првенство 2014. и поразот од 7:1 од германските фудбалери. Поради тоа сите очекуваат одмазда на финалниот натпревар против Германците на Олимпијадата во Рио.

https://p.dw.com/p/1Jm7I
Fußball WM 2014 Halbfinale Deutschland Brasilien Jubel
Фотографија: Reuters

​„Чувај се Германија, дојде и твојот час“, пејат навивачите на Бразил пред стадионот Маракана. Полуфиналето против Хондурас е завршено, популарниот Селесао победи со 6:0. Бразил игра за златен медал- единственото злато кое нешто значи- она во фудбалот. А уште е подобро, велат навивачите опиени со самодоверба, тоа што противник во финалето е Германија.

Време е за олимписка одмазда

„Тука на Маракана, ние го водиме главниот збор, тука мораат да имаат респект пред нас, нека дојде само таа Германија.“

„Ќе ги победиме со многу голови разлика и така конечно ќе ја оставиме зад нас таа приказна со Германија.“,

А таа приказна, катастрофалниот пораз од 7:1 во полуфиналето на Светското првенство 2014. против Германија, сите во Бразил сакаат што побрзо да ја заборават.

Fußball WM 2014 Halbfinale Deutschland Brasilien Fans
Фотографија: Reuters

Сепак, постои уште едно проклетство кое го следи Бразил на Олимпијадите. Трипати популарниот Селесао беше во финале и три пати загуби. Домаќините се надеваат дека на легендарната Маракана овој пат ќе биде поинаку.