1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брегзит: Меј инсистира на нови преговори со ЕУ

ЕМФ / дв
29 јануари 2019

Британската премиерка Тереза Меј сака повторно да преговара за договорот за излегување од ЕУ. Брисел досега не беше расположен за такво нешто.

https://p.dw.com/p/3CNs8
Die britische Premierministerin Theresa May verlässt die 10 Downing Street
Фотографија: Reuters/T. Melville

„Мора да добиеме договор кој ќе има поддршка во парламентот, а за тоа е неопходно да се направат извесни измени во договорот за излегување (од ЕУ, н.з.з)“, изјави портпаролот на британската премиерка Тереза Меј во Лондон пред почетокот на седницата на парламентот за натамошните чекори во процесот на развод од Унијата.

ПовеќеМеј може да го прекине апсурдниот театар

Меј се надева на мандат за дополнителни преговори со Брисел за тешкото прашање на Ирска. Премиерката на Велика Британија оцени дека гаранцијата за отворена граница помеѓу британската провинција Северна Ирска и членката на ЕУ, Република Ирска, е централен проблем. Меј смета дека одржување втор референдум за Брегзит е нерелевантно, затоа што не би имало мнозинство за такво нешто.

England Anti-Brexit Demonstration in London
Фотографија: Reuters/H. Mckay

Пред пратениците во Лондон има десетици предлози за промени, од кои еден дел ќе бидат ставени на гласање вечерва. Со нив парламентарците бараат поголемо рапво на соодлучување околу договорот за Брегзит.

Повеќе:Во потрага по планот Б на Меј

Долниот дом на британскиот парламент пред две недели со јасно мнозинство гласови го отфрли договорот што со Брисел го испреговара премиерката Меј. ЕУ веќе исклучи дополнителни преговори.