1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брегзит: Трпението на Брисел е сѐ помало

ЕМФ / дв
3 април 2019

Британската премиерка Меј по компромисната понуда за опозицијата околу Брегзит, денеска ќе одговара на пратенички прашања. Брисел има сѐ помалку трпение.

https://p.dw.com/p/3G8OY
Theresa May, Michel Barnier
Британската премиерка Меј и преговарачот на ЕУ, БарниеФотографија: picture-alliance/AP Photo/O. Matthys

По седумчасовна кризна седница на својот кабинет, британската премиерка Тереза Меј вчера рече дека ќе побара ново одложување на излегувањето од ЕУ. Таа сега има намера да бара решение за излез од ќорсокакот околу Брегзит со шефот на опозицијата Џереми Корбин.

Трпението во Брисел со оглед на неуспешните гласања во Лондон и нејасните планови на Меј, е сѐ помало. Сепак, преговарачот на ЕУ, Мишел Барние тврди дека тој лично сѐ уште има „уште малку преостанато трпение“ за Британците.

Тереза Меј е поканета на наредниот ЕУ-самит во Брисел на 10 април за да објасни како ќе се постапува натаму. Доколку дотогаш ѝ успее да го протне договорот за Брегзит во британскиот парламент, таа ќе може да побара одлагање на фазата за излегување од Унијата до 23 мај.

Повеќе: 

Брегзит: Четири пати „не“

И Брисел се прашува: што сега со Брегзит?

Тврд Брегзит на 12 април?

Доколку договор не биде постигнат, постојат две можности - едната е тврд Брегзит на 12 април, или одлагање по 23 мај, но тоа ќе значи дека Велика Британија ќе мора да учествува на изборите за Европскиот парламент на крајот на мај, објаснува Барние.

Освен тоа, при евентуално продолжување, не би имало преговори за договор за слободна трговија со Велика Британија, поради тоа што Британците тогаш сѐ уште ќе бидат членка на ЕУ. Во тој период Обединетото Кралство нема да може да склучува самостојно договори за слободна трговија, на пример со САД.

Додека Барние, кој две и пол години има работа со различни британски преговарачи, се прикажува релативно релаксиран, неговиот шеф, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, се чини е на крајот на трпението. „Трпението заврши“, изјави тој вчера за италијанската телевизија во текот на посетата на Рим.