Добредојдовте во Брегзит... оставете го сендвичот
11 јануари 2021На снимките направени минатата недела можат да се видат цариници како стопираат возачи на автомобили и камиони.
„Добредојдовте во Брегзит господине... жал ми е“, вели еден цариник додека му го одзема сендвичот на еден возач на камион, кој е Полјак.
Возачот потоа го прашува холандскиот цариник дали може „да му го земе само месото и да му го остави лебот?“ Но цариникот одговара: „Не, се ќе биде конфискувано“.
-повеќе на темата: Евротунел: „Симбол на блискост“ и покрај Брегзит
На снимката се гледа како на друг возач му одземаат рибни производи.
Согласно новите правила, по излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 1 јануари годинава, забрането е внесување на месни или млечни производи, дури и за лична употреба, во ЕУ. Правилото има за цел да спречи влез на прехранбени производи кои можат да пренесуваат болести.
-повеќе на темата: Брегзит: Како Голема Британија стана мала
Новите правила тешко го погодија и британскиот трговски ланец „Маркс и Спенсер“ кому не му е дозволено да ги продава своите популарни сендвичи и готови јадења во Франција откако Британија ја напушти ЕУ.