1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брисел се сеќава на жртвите на теророт од 2016-та

ЕМФ /агенции
22 март 2017

На 22 март 2016-та се случи она од што Белгија стравуваше по нападите во соседна Франција: џихадисти убија 32 лица во Брисел, а стотици беа повредени. Болката останува.

https://p.dw.com/p/2ZhlQ
Brüssel Maelbeek Metro Station Gedenkort Terroranschläge 2016
Фотографија: DW/B. Riegert

Белгија денеска се сеќава на жртвите од терористичките напади кои се случија пред една година во Брисел. На аеродромот Завентем семејствата на загинатите, вработени во аеродромот, претставници на владата, како и кралот Филип и кралицата Матилда во 07:58 часот им оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење.

На метро-станицата Малбек изутринава исто така се одржа минута молчење во знак на сеќавање на загинатите. За попладнево е најавена поворка од бриселскиот кварт Моленбек до центарот на градот, а вечерва треба да има бдеење во катедралата Свети Михаил и Гудула.

На 22 март 2016 година, во бомбашки напади на бриселскиот аеродром Завентем и метро-станицата Малбек беа убиени 32 лица, а повеќе од 300 беа повредени. Одговорност за атентатите презеде џихадистичката милиција „Исламска држава“.

Брисел сѐ уште памети