Бугарија: увид во актите на тајните служби од комунистичката ера
16 мај 2006Реклама
Актите на бугарските тајни служби од комунистичката ера, за кои се смета дека содржат експлозивен материјал оти земјата му беше крајно лојална на Советскиот сојуз за време на студената војна и можеби беше вплеткана во многубројни афери, сега и’ се достапни на јавноста. Како што е познато, и атентатот врз Папата Јован Павле Втори во 1981-ва година се поврзува со бугарската тајна служба.
На увид се ставени околу 260 илјади акти, само пет проценти од севкупниот материјал, што беше повод за критики од страна на тамошните организации за човекови права. Критичарите и’ префрлуваат на владата дека некогашни агенти можеле да заземат важни позиции во економијата и политиката бидејќи документите досега беа под клуч.