Бундестаг за продолжување на мисијата на Бундесверот во Авганистан
15 ноември 2007Реклама
Бундестагот денеска ќе донесе одлука за натамошниот ангажман на Бундесверот во анти терористичката мисија Ендјуринг фридом. Пратениците на Унијата, СПД, и ФДП имаат намера да го продолжат мандатот на 1.400 војници за уште една година. Во моментов 50 маринци во Средоземното море и 250 на рогот на Африка ги обезбедуваат поморските патишта. Левичарската и партијата на Зелените се против мандатот. Тие критикуваат дека и шест години по почетокот на мисијата како реакција на нападите врз САД, за неа сеуште нема мандат од ОН.