Бундестагот ја одобри контроверзната национална минимална плата
3 јули 2014Одобрувањето на минималната плата дојде по долги преговори меѓу демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел и нејзините коалициски прартнери – социјалдемократите. Двете страни конечно постигнаа договор за минимум плата од 8,50 евра.
Но, компромисниот договор содржи бројни исклучоци. Некои сектори ќе смеат да го одложат за две години воведувањето на овој договор. Дополнително на тоа, одредени групи луѓе, вклучувајќи ги практикантите ангажирани на кратко време или, пак, долгорочно невработените лица и оние под 18-годишна возраст ќе бидат платени помалку.
„Со голем број на исклучоци, коалицијата брутално ја ампутираше минималната плата“, рече во својата реакција шефот на моќниот синдикат „Верди“ Франк Бзирске.
Проектот има приврзаници и противници. Едните веруваат дека минималната плата ќе создаде пофер пазар на труд и оти ќе ги намали работните места кои се малку платени, додека другите забележуваат оти минималната плата ќе ги направи работните места поскапи.
Новата регулатива треба да стапи на сила на први јануари следната година. Со ова Германија се вбројува меѓу 21-та земја од 28 земји-членки на ЕУ каде е воведена минималната плата.