Вакцинацијата на младите на возраст од 12 до 17 години во Македонија досега бележи минорни резултати. Целосно вакцинирани се само околу 3 отсто од учениците, соопшти пред неколку дена министерот за здравство Венко Филипче. #dw_BalkanBooster разговараше со млади од повеќе балкански држави и ги праша - дали си вакциниран/а или не, и зошто?