Спорт
Вардар е европски шампион!
4 јуни 2017Реклама
Во натпревар чија завршница беше екстремно напрегната, Вардар успеа да го совлада ПСЖ со еден гол разлика 24:23. Победничкиот гол беше постигнат буквалнo на две секунди пред крајот.
Најдобар стрелец во Вардар беше Тимур Дибиров со седум постигнати голови. Во екипата на ПСЖ најефикасен беше Никола Карабатиќ.
За најдобар стрелец во сезоната на Лигата на шампиони беше прогласен Уве Генсхајмер, кој постигна 115 голови. Тоа меѓутоа беше слаба утеха за него. За германската телевизија Скај тој по натпреаврот изјави: „Да загубиш во последната секунда е навистина грочливо. Тоа е навистина посрано чувство.“
Во натпреварот за третото место, претходно, Веспрем со 34:30 заслужено ја совлада Барселона.