Вардар на сите страни на Европа
25 август 2017Дебитантскиот настап во најмасовното клупско натпреварување на УЕФА ќе го однесе скопски Вардар на сите страни на континентот. Противниците на македонскиот шампион во групата Л во годинешната сезона на Лига на Европа доаѓаат од Русија, Шпанија и Норвешка. На денешната ждребка во Монако за носител на групата Л беше извлечен Зенит од Санкт Петербург а од вториот и третиот шешир се придодадоа Реал Сосиедад и Розенборг.
Скопските и македонските вљубеници на фудбалот ги очекува возбудлива фудбалска есен со три домашни натпревари на Вардар во Телеком арената против силни противници и три гостувања во Русија,, Шпанија и Норвешка. Натпреварите во групите во Лигата на Европа започнуваат на 14 септември а ќе завршат на 7 декември 2017 година.
Останатите групи во Лига Европа во сезоната 2017/2018:
Група А: Вилјареал, Макаби Тел Авив, Астана, Славија Прага
Група Б: Динамо Киев, Јанг Бојс, Партизан, Скендербег
Група Ц: Брага, Лудогорец, Хофенхајм, Истанбул Башакшехир
Група Д: Милан, Австрија Виена, Риека, АЕК
Група Е: Олимпик Лион, Евертон, Аталанта, Аполон Лимасол
Група Ф: Копенхаген, Локомотив Москва, Шериф Тираспол, Злин
Група Г: Викторија Плзен, ФЦС Букурешт, Хапоел Бер Шева, Лугано
Група Х: Арсенал, БАТЕ Борисов, Келн, Црвена звезда
Група И: Салцбург, Олимпик Марсеј, Виторија Гимараеш, Конјаспор
Група Ј: Атлетик Билбао, Херта, Зорја Луханск, Естерсундс
Група К: Лацио, Ница, Зулте Варегем, Витесе
Инаку, македонскиот шампион синоќа со втората победа во меѓусебниот дуел со големиот фаворит Фенербахче, оствари историски успех за македонскиот фудбал. Вардар славеше и на гости во Истанбул со 2:1, додека резултатот во Скопје беше 2:0.