Вардар се излеа- кејот под вода
Вардар денеска се излеа на неколку места во центарот на Скопје. Надлежните велат дека нема опасност од поплави, но се преземаат мерки за заштита. На кејот се поставуваат вреќи со песок.
Поплавен кеј
Поројните дождови го преполнија коритото на реката Вардар во центарот на Скопје. Надлежните велат дека нема опасност од поголеми поплави.
Обилни врнежи од дожд
Метеоролозите велат дека се очекуваат обилни врнежи од дожд и во следните денови, особено во западните и југозападните делови на Македонија.
Смет и градежен отпад пливаат во Вардар
Од фотографијата може да се види дека излевањето на реката донесе и големи количества смет и градежен шут во реката.
Нема проток на коритото
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека излевањето на Вардар се должи на градежните активности во минор-коритото на реката, поради што дошло до излевањето.
Настрадаа галиите
Од градот Скопје неофицијално најавуваат дека наскоро ќе излезат со план за отстранување на некои објекти од речното корито. Галиите, кои денеска беа повторно поплавени, веројатно ќе бидат меѓу првите?
Салто Вардаре
Нема потреба од спасувачки екипи! Единствена опасност е дека на статуата на пливачката за првпат ќе и се навлажни костумот за капење.
Каде плови овој брод?
Жалните Врби наскоро би можеле целосно да се најдат под вода, но поголемиот проблем е каде ќе отплови оваа галија поставена покрај самиот кеј?
Нова панорама на Камениот мост
„Благодарение“ на градежните активности во коритото, и Камениот мост беше овековечен во ново опкружување- со далеку зголемен водостој под него.