1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велика Британија добива малцинска влада

СН/ агенции
26 јуни 2017

Неполни три недели по парламентарните избори во земјата, британската премиерка Тереза Меј потпиша договор за малцинска влада со северноирската партија ДУП.

https://p.dw.com/p/2fOoL
Großbritannien Theresa May mit Arlene Fostervor 10 Downing Street
Фотографија: Reuters/S. Wermuth

Во име на северноирската Демократска унионистичка партија договорот за формирање на идната малцинска влада на Велика Британија го потпиша лидерката на партијата, Арлен Фостер. Конзервативците на Тереза Меј постигнаа договор со ДУП, откако резултатите на изборите доведоа до замрзнат или блокиран парламент. Конзервативната партија го загуби апсолутното мнозинство во Долниот дом во британскиот парламент на изборите на 8 јуни и за да остане на власт, потребна и е поддршката од  ДУП и нејзините 10 пратеници.

Конзервативците и ДУП заедно имаат 327 пратеника, а за мнозинство се потребни 326 до 650 пратенички места. Десет члена од парламентот од ДУП ќе ги поддржат „ториевците“ во клучните гласања во Долниот дом, кои ќе започнат со традиционалниот говор на кралицата за програмата на парламенот подоцна во неделата, меѓутоа формална коалиција нема да има.

Großbritannien Theresa May mit Vertreter der DUP vor Downing Street
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Leal-Olivas

Преговорите беа фокусирани на финансиската поддршка за Северна Ирска и на преговорите за Брегзит, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ. ДУП потвди оти владата на Велика Британија се согласила дека ќе го подобри третманот на воените ветерани од Северна Ирска како дел од договорот, но ги негираше извештаите оти барала дополнителни 2 милијарди долари, во замена за поддршка.

Инаку ултра-конзервативната ДУП е цел на критики затоа што стриктно ги отфрла хомосексуалните бракови и абортусот и оти има задршки во однос на заштитата на климата и на пример на теоријата за еволуцијата. 
Набљудувачите стравуваат дека сојузот на конзервативците со ДУП би можел да го загрози мировниот процес во британската провинција во која долго време беснееше граѓанска војна.