1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вербален дуел Штајнмајер-Чавушоглу во Анкара

Ж. Ацеска
15 ноември 2016

На Турција ѝ е преку глава односот на ЕУ кон Анкара, изјави турскиот министер за надворешни работи. Прес-конференцијата со германскиот министер Штајнмајер заврши предвремено.

https://p.dw.com/p/2SjTA
Türkei Frank-Walter Steinmeier und Mevlut Cavusoglu
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Ozbilici

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер, при првата посета на Турција по обидот за пуч, мораше да истрпи жестоки критики. Германијае прибежиште за терористите на ПКК и следбениците на „душевно болниот“ проповедник Фетула Ѓулен, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска по разговорот во Анкара. Неговата влада го обвинува Ѓулен за неуспешниот обид за пуч. Штајнмајер од своја страна ги критикуваше масовните апсења минатите месеци и најновите ограничувања на слободата на мислење. „Во Турција ова не треба да се сфати како делење лекции и арогантен третман“, додаде Штајнмајер. Според него, директниот контакт е важен и подобар отколку меѓусебните префрлувања на вината преку медиумите. И турската страна, без оглед на сите вербални напади, демонстрираше желба да се остане во дијалог. Штајнмајер доби термини и кај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим. Гостинот од Берлин беше поведен во обиколка на турскиот парламент каде сѐ уште се видни штетите од ноќта на пучот. Чавушоглу повторно ја критикуваше резолуцијата за Ерменците донесена во германскиот Бундестаг, истовремено изразувајќи надеж дека германско-турските односи повторно ќе се вратат на старата состојба.

Кавга во дипломатски ракавици

Штајнмајер ја истакна својата иритираност од изјавата на Ердоган, според која Германија претставува прибежиште за терористите од забранетата Курдска работничка партија ПКК. „Ова обвинување, според нас, е неприфатливо“, рече Штајнмајер на заедничката прес-конференција со својот турски колега.

Активистите за човекови права и опозицијата ја обвинуваат турската влада за користење на обидот за пуч од 15 јули како изговор за замолчување на критиките и порамнување стари сметки.