Деновиве Европската комисија издаде дозвола за трет инсект кој може да се користи како прехранбен производ на европскиот пазар – штурци. Претходно на „менито“ беа ставени скакулци и црв-голем брашнар. Додека инсектите во земјите од „третиот свет“ одамна важат за храна, во ЕУ ова е новитет, како алтернативен извор на протеини и во склад со стремежот за поеколошки начин на исхрана.