1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата бара повторна истрага за смртта на Трајковски

29 февруари 2012

Македонската влада реши извештајот за несреќата во која загинаа екс-претседателот Трајковски и придружната делегација со сите нови докази и факти да ги достави до Јавното обвинителство.

https://p.dw.com/p/14BpX
Фотографија: AP

Во денешното владино соопштение се посочува дека заклучокот е донесен откако е разгледан и усвоен „Извештајот за истрагата на несреќата на воздухопловот Кинг Аир Б 200 од 26 февруари 2004 година во Мостар, Босна и Херцеговина“, со референтен број 28-12/012 подготвен од Комисијата за истражување на несреќата.

Воедно, Владата на Република Македонија заклучи извештајот за несреќата да се достави и до Дирекцијата за цивилна воздушна пловидба на Босна и Херцеговина со барање за повторно отворање на истрагата од страна на земјата што ја водела истрагата.

Извештајот за истрагата на несреќата треба да се достави и до Комитетот за правни прашања и човекови права при Европскиот парламент, до Советот на Европа, како и до Андреас Грос, евро-пратеник од Швајцарија, кој е автор на Информацијата за спроведената истрага заради разјаснување на наводно сомнителната смрт на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски.

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Борис Георгиевски