1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата на Сирија ќе учествува на конференцијата во Женева

АТ/ афп/ дпа26 мај 2013

Режимот на претседателот Башар ел Асад има намера да учествува на мировната конференција за Сирија која ја планираат САД и Русија. Одлуката ја објави министерот за надворешни работи Валид Муалем.

https://p.dw.com/p/18eDV
Фотографија: Reuters

Владата во Дамаск има намера да учествува на планираната меѓународна конференција за Сирија. Министерот за надворшни работи Валид Муалем денеска при претходно ненајавена посета на ирачкиот главен град Багдад изјави дека планираната конференција во Женева била „добра можност за политичко решение“ за граѓанската војна во неговата земја. На конференцијата, која ја иницираа Русија и САД треба да бидат разгледени решенија за излез од конфликтот.

Првата средба во Женева во јуни 2012 година заврши со општа согласност да се формира преодна влада и да се спроведе долгорочен прекин на огнот. Заклучоците меѓутоа никогаш не беа спроведени, бидејќи постоеше неединство околу политичката улога на Асад во преодната влада и двете страни се противеа да го положат оружјето. Опозицијата како и досега опстојува на оставка на властодржецот.

Во Истанбул во моментов се собра Националната коалиција, главниот сојуз на сириската опозиција, за да го одреди својот став на престојната конференција. Тридневниот собир кој требаше да заврши вчера, продолжен е за еден ден. Барањето на некои држави како Саудиска Арабија, бројот на членовите на сојузот да се зголеми за да се намали влијанието на Муслиманското братство, досега, спроед учесници на собирот, ја блокираше можноста за постигнување согласност.