1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владејачката коалиција во Берлин најде заеднички јазик

ЕМФ/дв/епд5 ноември 2012

На околу една година пред парламентарните избори во Германија, раководствата на партиите во владејачката коалиција ги расчистија несогласувањата околу централните спорни прашања.

https://p.dw.com/p/16co8
Фотографија: dapd

По осумчасовни преговори, на средбата во Берлин е договорено до крајот на годината да биде укинат износот од десет евра што секој пациент го плаќа квартално во здравствените ординации, независно од средствата за здравствено осигурување. Освен тоа, како што соопштија генералните секретари на Христијанско-демократската унија, Христијанско-социјалната унија и Либералите, отворен е патот и за додатокот за згрижување на децата што родителите ќе го добиваат од 1 август 2013. година. Парите ќе ги добиваат родителите кои не ги даваат децата во градинка.

По желба на Христијанско-социјалната унија договорено е и за различни инфраструктурни проекти да бидат издвоени 750 милиони евра. За пензиите на граѓаните кои примаат мали плати постигнат е договор да бидат дополнувани со пари, но не од придонесот за пензиско осигурување, туку од даноци. Владејачката коалиција, освен тоа, соопшти дека стреми кон структурно избалансиран буџет до 2014. година.