Во Берлин масовни демонстрации против расизмот
13 октомври 2018Под мотото „За отворено и слободно општество - солидарност наместо изолација“, организаторот на протестот, широкиот сојуз „Неделив“ повика на дигање на гласот против десничарското подбуцнување, дискриминацијата, умирањето на бегалци во Средоземно Море и кратења на социјалната помош.
Учесниците го почнаа собирот на Александерплац со транспаренти и плакати, на кои меѓу другото стои: „Не за подбуцнување против муслиманите“, „Не за нацистите“ и „Расисмот не е никаква алтернатива“. Учесниците маршот низ градот, на кој попатна станица е Бранденбуршката порта, го завршуваат пред Столбот на победата, каде до доцните вечерни часови настапуваат музичари од Германија. Кон повикот за протест се вклучија бројни организации, здруженија од опкружувањето на црквите, синдикатите, стопанството и политички партии. Организаторите најавија учество на 40.000 граѓани.
Слична демонстрација против расизам, дискриминација и национализам е организирана и во Франкфурт.