Во Бон откриена римска населба
18 август 2006Директно наспроти старата бонска Пленарна сала,каде порано заседаваше германскиот парламент,работат неколку багери.Нора Андрикопулу Штрак, раководител на одел во покраинскиот сојуз Рајнланд и одговорна за ова,е задоволна:
-Оваа ископина е најголемиот прозорец во внатрешноста на една римска населба која е настаната во историјата на германската република.
Багерите стигнаа на три метрии длабочина до римското село.Овде веќе требаше да стојат делови од новиот Конгресен центар,но сега градењето е стопирано.Археолошкиот Тим,кој е составен од 50-тина луѓе, најпрво ќе ги ископа наодите како садови,коски и остатоци од зградите.
Наодите се сместуваат во еден од поранешните апартмани на пратениците,полни се веќе околу 300 кутии.Овде е царството на Петер Хендрик,кој е одговорен за откопаните наоди:
-Нешто посебно е на пример овој тањир,изгледа како штотуку да бил направен.Извонреден квалитет,кој се одржал повеќе од 2 илјади години.Еве и едно парче од друг тањир.Римјаните имале обичај да ги обележуваат своите садови со имињата,за да не бидат заменети.Овој му припаѓал на еден човек со име Клаудиус Секундус.
Во селото веројатно живееле околу 2 илјади жители,во стабилни куќи со градини и со работилници или продавници кон улицата.Покрај една улица,храм,фурна ,пронајдена е и термална бања.Хендрик вели:
-Таа имала подно греење,подовите биле градени високо и под нив се ложело.жешкиот воздух циркулирал под подот и зад ѕидовите кон надвор.Со тоа подот и ѕидовите биле топли.
Наодите на Хендрик и неговите коллеги не се ограничуваат само на римско време,туку и на 19 и 20 век,со што може да се следи и историјата на бонските пивари.