1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во дијалогот со Исламот мора да се постават нови акценти

14 септември 2006

Папата Бенедикт 16 денеска ја заврши шестдневната посета на Германија. Дали остави порака? Дали поглаварот на преку една милијарда католици во светот за време на патувањето постави нови акценти? Карола Хосфлед коментира:

https://p.dw.com/p/AdTs
Папата Бенедикт 16 ја заврши посетата на Германија оставајќи значајни пораки
Папата Бенедикт 16 ја заврши посетата на Германија оставајќи значајни поракиФотографија: AP

Оној што го познава теологот Јозеф Рацингер знае дека под неговиот понтификат не може да се смета на реформски зафати. Со него нема да има приближување со протестантите како што се надеваа тие. Заедничка вечерна миса е се уште далеку. И кога станува збор за целибатот или за улогата на жената во црквата, папата нема да се оддалечи ниту за милиметар од традиционалното учење. Тоа значи: проблемите во католичката црква и натаму остануваат нерешени.

Она што го подразбира Германецот на Петровиот стол се остри анализи за ова време. Тоа уште еднаш го потврди за време на ова патување. Во богослужбите и во предавањето на универзитетот тој изнесе јасни позиции за проблемите на постмодерната.

Генералната тема што постојано ја варираше, беше одност меѓу верата и разумот. Корстиењето на разумот и верувањето во Бога за Бенедикт не се непомирливи спротивставености. Верувањето за него е длабока разумност. Чисто природо-научните објаснувања на светот, според кои човекот е само случаен производ на еволуцијата, за него не важат. А, бидејќи разумот и религијата за папата не се одвоени, тој го атакуваше Западот. Секуларизираните општества, гласи неговото префрлување, кон религиозно обележаните култури се однесуваат арогантно и несензибилно. Тоа ги прави неспособни за дијалог. Со таквите анализи Бенедикт мислеше на „Војната на културите„ и на конфронтацијата на Запад со светот на Исламот.

И за Исламот се искажа конкретно. Во разговорот со сојузниот претседател Хорст Келер, тој побара интензивирање на дијалогот со Муслиманите во Германија и нивна подобра интеграција. Истовремено ги повика Исламот и другите религии на дијалог на разумот. Папата го осуди насилството како средство за ширење на религијата и го отфрли секое насилство од името на бога. Света војна или Џихад, според папата не може да има, токму зашто верата е одговорна пред разумот, што значи дека мора да биде отворена за дијалог со другите вери или со секуларистичкиот свет.

Различните слики за Бога во христијанството и исламот за Бенедикт се чини се главната пречка за меѓу-религиозен дијалог. Според тоа, една, од неговите пораки од овие денови може да гласи: во дијалогот со Исламот мораат да бидат поставени нови акценти. Во фокусот мора да биде дебатата за божјите претстави во обете религии од кои секоја смета дека е сопственик на вистината.

Според се друго, патувањето на папата во неговата татковина, како што се очекуваше, беше престој дома.

Карола Хосфелд