1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Турција уапсени уште двајца Германци

ЕМФ / дв
1 септември 2017

Причина за апсењето на двајцата Германци, според портпаролка на Министерството за надворешни работи во Берлин, се најверојатно „политички обвинувања“.

https://p.dw.com/p/2jDBW
Deutschland Berlin Auswärtiges Amt
Фотографија: Imago/STPP

Двајцата Германци биле уапсени вчера на аеродромот во Анталија, сопшти портпаролката на германското Министерство за надворешни работи, Марија Адебар. Генералниот конзулат на Германија во Измир бил информиран за апсењето од „недржавни извори“. Аеродромската полиција го потврдила апсењето кога добила прашање од страна на германскиот конзулат.

Досега немало телефонски контакт со уапсените, а германскат влада прави обиди да воспостави контакт и да обезбеди најбрзо што е можно конзуларна грижа за уапсените.

Адебар во Берлин рече дека „мора да тргнеме од тоа дека се работи за политички обвинувања“ против уапсените. Турција од обидот за пуч во јули 2016 година уапси десетици илјади лица под обвинение за поддршка на терористички здруженија. Според наводи на германското МНР, во моментов во затвор во Турција се 55 германски државјани, од кои 12 поради политички причини. Тука се вклучени и двајцата уапсени од вчера. Најмалку четворица од 12-те затвореници поради политички прчини имаат двојно државјанство, информираше Адебар.