1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Возењето камион е машка работа? Во никој случај!

Луиз Озборн
15 мај 2019

Стереотипот дека жените се полоши возачи од мажите, па дури и дека не се соодветни за возење на сите возила, како на пример камиони, го уриваат жените кои работат во фирма која има само жени возачи.

https://p.dw.com/p/3IWt8
DW-Video Ghana Women drivers
Фотографија: DW

Абигејл Асумаду-Амоа од Гана веќе работела како возач на камион, но кога слушнала за фирмата која вработува само жени возачи, ја зграбила шансата:

„Се чувствувам толку горда. Работата многу ми помогна. Ги охрабрувам другите жени. Има компании, но фирми само со жени, тоа е првпат не само во Гана, туку во цел свет. Ги охрабрувам другите жени да се приклучат кон кампањата за оспособување жени за возачи на камиони.“

Во Ladybird Logistics работат околу 20 жени возачи. Со фирмата раководи директорката Пејин Марфо. таа вели:

„Мислам дека жените возачи се попретпазливи. Тие навистина се внимателни. Можеби е тоа женска особина, бидејќи ние секогаш мислиме на децата кои нѐ чекаат дома и не сакаме да преземаме одредени ризици.“

За Абигејл фирмата нуди шанса за работа, но дава и шанса за уривање на стереотипите поврзани со половите. Таа се надева дека ќе го трасира патот за вработување повеќе жени и во други сектори каде доминираат мажи. 

Возењето камион е машка работа? Во никој случај!