Волшебна привлечност на пролетта во Бон
Гранките на црешовите дрвја како купола надвиснуваат над тесните улици. Цутењето на црешите во центарот на Бон е грандиозна игра на природата која привлекува гости ширум светот.
Една од најубавите алеи на светот деновиве
Бонската улица Херштрасе е позната во светот по убавината на јапонските црешови дрвја. На интернет ја сметаат за една од најубавите алеи во светот, во сите форуми за црешови цветови објавуваат нејзини слики. Многу туристи ги следат известувањата на интернет-блогот за оваа улица за навреме да дојдат во Бон и да го доживеат тоа лично.
Магнет за туристи
Тесните бонски улици во стариот град и без црешовите цветови се омилена цел на туристите. Латерните од лиено железо, уличната калдрма, куќите во класичен стил, се' е - чиста романтика.
Нежен почеток
Цветот на јапонската цреша е многу чувствителен. Првите пупки се појавуваат само под тешките гранки. Дожд - не трпат. А ако температурата навечер многу се намали, цветот може да остане трајно оштетен.
Розовило
Во стариот град во Бон не е тешко да се најде мотив за разгледици. Притоа јапонските црешови дрва тука се насадени дури во 80-тите години.
Омилен мотив за фотографирање
Денес во оваа алеја се вадат мобилините телефони и фотографиите од цутењето на црешите се испраќаат на роднините и на пријателите во белиот свет. А оние кои сакаат можат да ги пратат и на некој од блоговите посветени на овој феномен
Застој поради фотографии
Иако околните улици одамна се претворени во едносмерни, луѓето кои ги фотографираат розовите крошни постојано прават застој бидејќи ги сликаат од улиците. Стариот римски споменик добро им се наоѓа како статив.
На сигурна висина
За среќа, старите црешови дрва се потсечени многу високо, така што посетителите не можат да наберат „сувенири“.
„Селфи“ во алејата
Овие четири студентки дојдоа од соседниот Келн да се фотографираат во алејата на црешовите цветови. И тие се воодушевени од романтичниот амбиент кој сакаат да го поделат со своите истомисленици на Фејсбук.
Кога розовото ќе потемне
Сега сите се надеваат дека навечер нема да биде многу ладно- бидејќи тогаш розовите цветови потемнуваат.