1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредната состојба продолжена за 14 дена

ЕМФ
15 мај 2020

Македонскиот претседател Стево Пендаровски донесе одлука за прогласување вонредна состојба во траење од 14 дена и таа одлука, како што тврди, нема никаква корелација со датумот на следните избори.

https://p.dw.com/p/3cIbp
Nord-Mazedonien | Treffen des mazedonischen Sicherheitsrates bei dem Präsidenten Stevo Pendarovski
Фотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека одлучил да прогласи нова вонредна состојба во времетраење од 14 дена, наместо предложените 30 дена, како што бараше техничкиот премиер Оливер Спасовски. Одлуката е донесена по широки консултации со експерти од повеќе области и советниците во кабинетот, а врз основа на информациите кои ги добил од учесниците на Советот за безбедност.

Повеќе:

Правен галиматијас пред истекот на вонредната состојба

Со вонредна состојба до вонредни денови за вонредните избори?

„Со оглед на позитивните трендови на смирување на состојбата со пандемијата, сметам дека 14 денови се доволни. Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки за ублажување на последиците од пандемијата, кои веќе сега се чувствуваат како резултат на фактот што огромен број фирми не работеа и се’ уште не работат“, рече претседателот Пендаровски.

Набројувајќи ги причините за својата одлука, тој наведе и дека бил информиран оти кон крајот на месецов се очекува „да склучиме кредитен аранжман со Европската банка за обнова и развој од околу 160 милиони евра“.

„Многу важна, веројатно најважна, причина за оваа одлука беше и тоа што на таков начин се овозможува Владата да продолжи , преку уредбите со законска сила да овозможува на целокупниот здравствен сектор поуспешно да се справува со пандемијата“, нагласи Пендаровски.

Тој потенцираше дека траењето на вонредната состојба од 14 дена нема никаква корелација со датумот на следните избори: „Тоа е посебна тема, која, знаете, ќе ја дискутираме на следната лидерска средба, на почетокот на следната неделас“, нагласи Пендаровски.