1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вработен во германското МВР тврди - короната е „лажен аларм“

ЖА /ДВ
11 мај 2020

Вработен службеник во сојузното Министерство за внатрешни работи на Германија на своја рака составил обемен документ во кој ги критикува мерките воведени од власта. Според медиумите, тој е суспендиран од должност.

https://p.dw.com/p/3c18u
Deutschland Berlin Bundesinnenministerium Neubau
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Jensen

Магазинот „Шпигел“ има инфорации дека составувачот на документот работи во одделението на Министерството за внатрешни работи кое е задолжено за кризен менаџмент, но не е дел од кризниот штаб кој се занимава со актуелната пандемија. Службеникот наводно на своја рака испратил документ од 80 страници со печат на Министерството на голем број електронски адреси, па тој стигнал и до конзервативниот портал „Тихис ајнблик“, кој објавил делови од него.

Вработениот во Министерството пишува за „глобална лажна тревога“ и тврди дека во текот на пандемијата државата станала „еден од најголемите производители на лажни вести“. „Веројатно во ниеден момент не постоеше опсаност за населението од новиот вирус надвор од вообичаените рамки“, пишува тој.

Повеќе:

Болеста на теориите на заговор: Од чума до коронавирус

Коронавирус: Направен од човек и од лабораторија?

Коронавирусот и опасноста од 5Г технологијата: Тешка и опасна глупост!

Коронавирусот и тајните служби

„Од коронавирус воглавно умираат луѓе кои статистички би умреле оваа година зашто се стигнати до крајот на животот и зашто нивните ослабени тела веќе не можат да се одбранат од било кои случајни секојдневни оптоварувања (меѓу кои има и околу 150 вируси кои кружат моментно)“, стои понатаму во документот. За воведените мерки службеникот заклучува: „Колатералната штета во меѓувреме е поголема од видливата корист.“

Германските медиуми ова писмо го нарекуваат „пикантен“ проблем за Министерството за внатрешни работи или ветар во грбот на теориите на заговор.

Во официјалната реакција, Министерството за внатрешни работи соопшти дека документот е „приватно мислење“ на вработениот и „самостојно иницирана анализа“ за која не бил овластен. Според информациите на „Шпигел“, човекот е суспендиран од работното место. Во соопштението од Министерството во однос на тврдењата во документот се вели дека многу земји во светот презедоа остри мерки заради сузбивање на пандемијата, често многу поостри отколку Германија. „Развојот на заразата во Германија досега е прилично низок во меѓународна споредба. Преземените мерки покажуваат дејство“, заклучува Министерството.