Втор мандат за Румен Радев
22 ноември 202158-годишниот Румен Радев во вториот круг на претседателските избори го победи противкандидатот Анастас Герџиков со 66 отсто освоени гласови , покажувааат излезните анкети. Герџиков освои 32 насто од гласовите.
Ректорот на Софискиот универзитете брзо го призна поразот, обвинувајќи дека „целиот државен апарат работел за актуелниот претседател“.
„Невиден политички месец. Завршените избори јасно ја нагласија желбата дека луѓето се за промени, за раскинување со корупцијата, грабежот и противзаконитостите и мафијата да се тргне од власта“, изјави Радев за новинарите по гласањето. Излезноста на изборите изнесуваше околу 40 проценти.
Повеќе: Бугарија: Нови избори, нов победник
Радев стана популарен кога во 2020 година ги поддржа протестите против тогашниот премиер Бојко Борисов поради вмешаност во корупциски афери.
Герџиков, инаку, беше поддржан партијата на Борисов - ГЕРБ, додека Радев покрај бугарската Социјалистичка партија го поддржаа и другите политичките ривали на поранешниот премиер - партиите Продолжуваме со промената и Има ли таков народ. Вториот мандат на Румен Радев ќе започне на 22 јануари наредната година.
Повеќе: Македонско-бугарски спор: Ќе се смират ли страстите по изборите?
Во Бугарија владата ја одредува политиката, а претседателот има протоколарна улога.
Четвртите избори во земјата годинава, се одржаа среде смртоносниот бран на пандемијата со Ковид-19. Помалку од 25 отсто од 6,9 милиони жители се целосно вакцинирани, смртноста во Бугарија е една од најголемите во светот, а болниците се преполни.