Гарванлиев за ДВ: Јас сум еден од најгордите Македонци
Музика
Ана Арсеновска-Зафирова
19 март 2021
Дали јавноста ќе му пресуди на годинешниот македонски претставник на Евровизискиот натпревар Васил Гарванлиев и дали тој ќе остане или замине за Ротердам, зависи од одлуката на Македонската радио телевизија која треба да биде донесена денеска. За ДВ Гарванлиев вели: „Музиката е мојот искрен пасош. Јас сум амбасадор на музика, полн со приказни, корени и нема никогаш да се извинам за тоа.“