Германија гласаше за Европскиот парламент
25 мај 2014Партиите ЦДУ и ЦСУ и покрај загубите на гласови се најсилната политичка сила на изборите за Европскиот парламент во Германија. И покрај ваквиот резултат Фолкер Каудер, шеф на пратеничката група на ЦДУ е задоволен: „Можеме да живееме со овој резултат“, рече Каудер.
Социјалдемократите, по историски лошиот резулат во 2009 година, на овие избори за Европскиот парламент значително го подобрија резултатот. Шефот на пратеничката група на СПД во Бундестагот Томас Оперман оцени дека партијата постигнала „фантастичен резултат“.
Евроскептичната партија Алтернатива за Германија со добар резултат за првпат ќе биде застапена во Европскиот парламент
Прогнозата за освоени гласови на европските избори во Германија е следнава:
ЦДУ/ЦСУ: 36 %
СПД: 27,5 %
Зелени: 11 %
Левица: 8 %
Алтернатива за Германија: 6,5 %
ФДП: 3 %
Други: 8 %