1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија донираше помош на четири болници

27 јули 2020

Новата германска амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн денеска ги потпиша договорите за донации на четири болници во земјата во вредност од над 150 илјади евра.

https://p.dw.com/p/3fzxG
Deutsche Botschafterin in Nord-Mazedonien Anke Holstein
Фотографија: Dt. Botschaft Nordmazedonien

Со средства од германското Министерство за надворешни работи, четири болници во Северна Македонија ќе добијат можност да набават медицинска опрема и амбулантни возила. Донациите од Германија се дел од поддршката за справување со пандемијата на ковид- 19 и директна помош на граѓаните.

Со договорите за донација кои ги потпиша амбасадорката Анке Холштајн помош ќе добијат болниците во Штип, Куманово и Прилеп и здравствениот дом во Гостивар. Вкупната вредност на помошта е 152,000 евра.
Финансиската поддршка е обезбедена од буџетот на германското Министерство за надворешни работи, во делот наменет за мали проекти со цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.