1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Франција - судбинска заедница

Фолкер Вагенер 22 јануари 2008

На 22 јануари 1963 година францускиот претседател Шарл де Гол и германскиот канцелар Конрад Аденауер го потпишаа Елисејскиот договор. Договор со кој се постави нова основа за односите меѓу двете земји по 1945 година.

https://p.dw.com/p/CvsJ
Потписите на Шарл де Гол и на Конрад Аденауер на Елисејскиот договорФотографија: AP

Брак склучен 1963 година, ладен и патетичен исполнет со љубомора, но партнерите не се разведуваат – вака еден новинар ги опиша односите меѓу Париз и Берлин. Двата соседа се бореа еден против друг во многу војни, и тоа повеќе стотици години, а договорот од 1963 година потпишан од претседателот Шарл Де Гол и канцеларот Конрад Аденауер беше одлучувачки составен дел од германско – францускиот процес на помирување.

Договор за соработка

На 22 јануари пред точно 45 години двата партнера се договорија да оддржуваат редовни консултации и дологорчна соработка во областите надворешна и одбрамбена политика, економија развој и култура. Посебно место и се даде на училишната и политиката за млади.

Оттогаш повеќе од седум милиони млади Германци и Французи почнаа да го учат јазикот на другиот и извесно време живееја кај соседот. Поблисок контакт се воспостави и во големата политика.

Со овој договор Франција тогаш повеќе ги изрази своите заддршки во однос на европската зедница која тогаш се создаваше.

Франција под де Гол, се стремеше кон позицијата на голема светска сила. Тесното припојување на Германија кон Париз беше дел од стратегијата. Во суштина договорот долго време не можеше вистински да заживе. Останаа само помпезни консултации.

Германија и Франција двигатели на европските процеси

Ова се смени дури кон средината на 70 години под Жискар д’ Стен и Хелмут Шмит. Оттогаш, тогашниот германски главен град Бон и Париз се покажаа како двигатели на европските процеси.

По германското обединување повторно подзапре европскиот елан и во Франција се разбудија стравовите во однос на соседот Германија. Како еден од последните големи европски импулси поттикнати од Берлин и Париз е единсвената валута еврото.

EU Nizza Vertrag Symbolbild
ЕУ НицаФотографија: The European Commission

Расцепот во односите на виделина излезе во 2000тата година на самитот во Ница, кога ниту Франција ни Германија немаа концепт за проширувањето на Унијата кон исток. Како последица на тоа договорени се редовни консултации на ниво на шефот на државата и канцеларот заедно со министрите за надворешни работи на двете земји. Но сеуште постои напнатост на односите Берлин – Париз. Постојат разлики во мислењата.

Во 45 годишното псотоење сепак во колективното сеќавање останаа заедничките црти на гермаснко – фрнацуските однои. Кон обва припаѓаат и личните контакти на некои политичари. Дали Де Гол и Аденауер, Д‘ Стен и Шмит, или Франсоа Митеран и Кол – досега редовно функционира германско – француско дуо кое позитивно влијае на европскиот процес на обединување.