1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија со рекорден број жители

Сабина Пабст
27 јануари 2017

Германија расте, барем според бројот на жители. Според проценките на Сојузниот уред за статистика, во 2016 година во земјата живееле 82,8 милиони луѓе, што претставува рекорд.

https://p.dw.com/p/2WVr8
Deutschland Bevölkerungsentwicklung Symbolbild Neugeborene
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Grubitzsch

Бројот на жители на Германија повторно расте и тоа благодарение на натпросечниот прилив на доселеници. Според податоците на Сојузниот уред за статистика од Визбаден, на крајот на 2016-та годна во земјата живееле 600.000 луѓе повеќе отколку во истиот период во годината пред тоа. Доколку овие, засега непотврдени, проценки се потврдат, бројот на населението во Германија достигнал нов рекорд. Претходниот рекорд датира од 2002 година, кога во земјата живееле 82,5 милиони луѓе.

Сојузниот уред за статистика проценува дека разликата меѓу новодоселените и отселените во странство изнесува најмалку 750.000 луѓе. Истовремено, меѓутоа, во Германија умираат повеќе луѓе отколку што се раѓаат. За 2016. година статистиката вели дека имало околу 770.000 новородени и 940.000 починати лица. Оттука произлегува т.н. дефицит на раѓање од 190.000 лица.

Deutschland Geburtenrate Symbolbild
Во Германија во 2016 година се родени помалку деца отколку што има починати лицаФотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Статистичарите меѓутоа објаснуваат дека проценката на развојот на населението за 2016. година е поврзана со поголема несигурност отколку во претходните години. Поради примена на нова статистичка постапка, голем дел од наводите кои се вообичаени, сега ги нема.