Германија ќе успее!
1 септември 2015Она што Ангела Меркел го кажа и формулираше на големата прес-конференција за новинарите во Берлин од земјата и странство, звучи логично и е едноставо неизбежно:
1. Постои основно право на политички азил и заштита од војна и прогон
2. Постои основно право на зачувување на човечкото достоинство, сеедно од каде доаѓаат луѓето и дали имаат изгледи за азил или не
3. Оној кој го напаѓа овие основни права, оној кој е груб со луѓето кои доаѓаат во Германија и кој, на пример, подметнува пожари во нивните сместувалишта, ќе биде прогонуван со сета жестина на правната држава. Крај на дискусијата.
Нетипично
Подобро речено - тука воопшто нема за што да се дискутира. Нема трага од некакво разбирање за десните екстремисти, нема обид да се објаснува, зашто нема никакво оправдување за постапките против бегалците и мигрантите предизвикани од омраза. Канцеларката не разговара со непријателите на странци, таа најрадо воопшто не би ни зборувала за подбуцнувачите. Секаков облик на внимание од нејзина страна само би одело во нивен прилог. Да се држи отстојание - препорака која не важи само за нејзините сограѓани. Наместо тоа, Ангела Меркел одбра средства на позитивно зајакнување. Таа рече дека е горда и благодарна што бројот на луѓето кои им помагаат на бегалците е многукратно поголем од оној на непријателите на странци. Дури и новинарите добија пофалба за своето известување. Сето тоа е прилично нетипично.
Силно
Ангела Меркел дури се откажа и од тоа да го префрла проблемот на грбот на цела Европа. Сигурно, се работи на тоа да се најде европско решение. Доколку Европејците не излезат на крај со овој предизвик, на коцка се ставаат европските основни вредности, универзалноста на граѓанските права. Но и Германија е дел од Европа. Нема простор за интерпретации кога канцеларката вели: Германија е силна, ќе успееме. Успеавме во банкарската криза, грчката криза и напуштањето на нуклеарната енергија. Настапот на Меркел вели: кога се нема каде, таа е тука.
Баста
Само да не беше тука и факторот време. Оие зборови на Меркел пред една недела ќе имаа подобар ефект. Или уште подобро ако беа изречени уште порано - првите маршеви против планираното сместувалиште за азиланти во Фрајтал, во покраинската Саксонија, почнаа пред повеќе недели. Така можеби немаше да се случат маршевите во Хајдену. Дебатата мора да се води кога е отворена - и оваа реченица од Меркел беше кажана на нејзината политичка прес-конференција, на која сведуваше биланси. Но, кога се работи за основните права кои не се предмет на дебата, мора порано да се земе збор: прво, второ, трето, погледни горе. Баста.