1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Германските дизели нема да ја преплават Србија

10 март 2018

Во Германија уште се чека на разјаснување на судбината на дизел-моторите и нивната евентуална забрана, а во Србија се прашуваат дали евтините автомобили од таа земја сега ќе завршат токму тука.

https://p.dw.com/p/2u52O
Serbien, Autoplatz Niš
Фотографија: J.Đukić-Pejić

„Дел од тие дизел- возила кои би се забраниле во Германија сигурно ќе дојдат кај нас, но класата автомобили која се исфрла од Германија повеќе ќе биде достапна за земјите од ЕУ кои имаат поголем стандард, како Бугарија, Унгарија, Романија, Полска, Чешка. Тие имаат помали давачки и такси за увоз на половни автомобили од нас“, вели Драган Николиќ од Ниш, кој девет години увезува автомобили од Италија.

Тој истакнува дека во Србија цените на автомобилите се веќе на дното: „Долна граница веќе не постои.“

„Би сакал кај нас да дојдат автомобили со Еуро 6 мотори, а сите останати да се исфрлат, зашто така би имал поголема заработувачка. Но, за жал кај нас се купуваат автомобили од илјада-две илјади евра“, дополнува и друг продавач на автомобилски пазар во Ниш.

Што се купува повеќе во Србија? Продавачите кои ги прашавме велат дека бензинците се подобри, а купувачите кои ги сретнавме бараа воглавно дизели. Според статистиката, лани од 150.000 увезени автомобили во Србија, само 40.000 биле со бензински мотори.

На одлуката влијаат пониската цена и помалата потрошувачка на дизелите. Поради тоа, Србите се одлучуваат да го купат она што во западните земји се исфрла.

И во Авто-мото сојузот на Србија велат дека промените со дизелите во Германија нема сериозно да ја променат сликата во Србија, барем не краткорочно, зашто најмногу се врши увоз од Италија. Од другастрана, се очекува во следните пет години да се поправи просекот на старосната структура на половните возила од увоз. Најстаро возило кое е дозволено на патиштата во Србија е автомобил со Еуро 3 мотор. Просечната старост на автомобилите во Србија пак е меѓу 13 и 14 години.

Германските дизели сѐ уште далеку од Србија