Никаде во Европа постапката за азил не трае толку долго како во Германија, се вели во студија на фондацијата Бертелсман. Во просек - седум месеци. Тоа ја отежнува интеграцијата. Сега стопанството бара бегалците порано да почнат со учење германски јазик и да наоѓаат побрзо работа.