1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германското чудо не запира: Рекордна вработеност

ЕМФ / дв
30 октомври 2018

Златен октомври на германскиот пазар на работа - бројот на невработени е паднат на 2,2 милиони, што значи првпат пад под 5 проценти невработеност. Освен тоа, има стотици илјади непополнети работни места.

https://p.dw.com/p/37Mvi
Deutschland Arbeitsmarkt Gleisarbeiten
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress/C. Hardt

Благодарение на есенскиот полет, бројот на невработени во Германија во октомври паднал на 2,204 милиони. Тоа е најниска стапка на невработеност по обединувањето на Германија. Стапката на невработени првпат од почетокот на пресметувањето од страна на Сојузната агенција за работа е под пет проценти и изнесува - 4,9%.

Во споредба со претходниот месец, бројот на невработени во октомври е понизок за 53.000. Во споредба со истиот период лани, тој број е помал за 185.000, соопшти денеска Сојузната агенција за работа. Дури и кога од статистиките ќе се извади бројот на сезонски вработувања, бројот на невработени е најнизок досега.

Stahlindustrie Reparatur einer Anlage Symbolbild
Фотографија: Imago/Westend61

Покрај тоа, од Сојузната агенција за работа се нагласува дека ширум земјата сѐ уште се непополнети 824.000 работни места, односно 44.000 повеќе отколку пред една година.

Повеќе: 

Како до работа во Германија?

Германија засилено бара стручни работници од странство

Бројот на вработени во Германија во септември изнесувал 45,18 милиони, што претставува плус од 39.000 во споредба со август годинава. Ако се направи споредба со истиот период лани, тоа значи 561.000 повеќе вработени оваа година.